Саутгејт: “Македонија ќе биде мотивирана пред полните трибини“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, ја одржа официјалната прес-конференција пред квалификацискиот дуел против Македонија, кој ќе се одигра утре со почеток во 20:45 часот на Националната арена “Тодор Проески“ во Скопје.

Англичаните се веќе пласирани на Европското првенство во Германија, но од утрешниот натпревар очекуваат победа пред полниот стадион во Скопје.

– “Во петокот имвме добар меч на кој победивме. Македонија беше малку ранета од првиот меч во Манчестер, сигурно ќе бидат мотивирани и ќе имаат поддршка од полните трибини на стадионот, но наша цел е да ги завршиме овие квалификации со победа. Трипие нема да игра и ќе мора да најдеме соодветно решение на левата бековска позиција. Ќе имаме промена на тактиката, но смирени сме и подготвени да одиграме добар меч.“ – рече селекторот на Англија, Герет Саутгејт, на официјалната прес-конференција пред дуелот со Македонија.

- Оглас -

Најнови вести