Саутгејт нема да смета на Александер-Арнолд против Чешка и Црна Гора

Англискиот десен бек Трент Александер-Арнолд ја напушти селекцијата поради болки во грбот и се врати во Ливерпул. Фудбалерот на „црвените“ нема да биде на располагање кај селекторот Герет Саутгејт за претстојните евроквалификациски натпревари против Република Чешка и Црна Гора.

Замена за повредениот Трент нема, така што Саутгејт во овој циклус ќе смета на 22 репрезентативци. И покрај тоа што беше познато дека бекот на Ливерпул се мачи со оваа повреда, беше повикан во репрезентацијата, но за да не се дојде до непотребни компликации, одлучено е да му дозволат да се врати во Ливерпул за да може целосно да закрепне.

Англија утре на „Вембли“ ги започнува квалификациите за ЕП 2020 против Чешка, додека на 25-ти март гостува во Подгорица.

- Оглас -

Најнови вести