Саутгејт: Во составот на Англија нема туристи

По објавување на конечниот список на англиската репрезентација, многумина останаа изненадени од изборот на селекторот Герет Саутгејт. Од првичниот избор на 33-ца фудбалери, испаднаа седуммина, а меѓу оние за кои немаше место е ѕвездата на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард. За разлика од Лингард, кој нема да патува, во составот има дури четворица играчи кои играат на позиција десен бек.

„Тоа се најдобрите 26-мина фудбалери и затоа тие се повикани во составот. Ако требаше, ќе повикав и шест десни бека. Пред нас на ЕП имаме потенцијални девет натпревари. Веќе имаме проблеми затоа што дел од играчите се жалат на ситни повреди. Направивме баланс од искусни и млади фудбалери“, вели Саутгејт.

Англија е во група со Хрватска, Шкотска и Чешка, а селекторот вели дека секој меч ќе биде тежок и неизвесен.

„Наша прва цел е да ја поминеме групата. Играме против Хрватска, која беше финалистот на последниот Мундијал, потоа нè очекува дерби против Шкотска, а на крај и меч против Чешка. Според мене, има десетина селекции кои рамноправно ќе конкурираат за златото на ЕП. Ние покажавме дека можеме секого да победиме и на ЕП одиме со оптимизам“, додава Саутгејт.

 

- Оглас -

Најнови вести