Савевски: Одигравме со срце и горд сум на девојките

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Романија од 23:31 го заврши настапот на Европското првенство на кое е коорганизатор со Словенија и Црна Гора.

Македонија на трите меча во групата Ц забележа три порази, а вечерва го одигра најдобриот натпревар и селекторот Љубомир Савевски е горд на ракометарките кои настапија на шампионатот.

„Многу сум среќен бидејќи со играта во првото и дел од второто полувреме покажавме дека заслужуваме да сме дел од овој шампионат. Сепак, нашиот проблем дефинитивно е ефикасноста, имаме многу промашени чисти шутеви. Одигравме со срце и горд сум на девојките. Кога ќе изгубиш многу топки и ќе промашиш многу шутеви, нормално е да загубиш. Продолжуваме понатаму со некои промени и ќе се подготвуваме за баражот за Светското првенство кој не чека во април идната година“, изјави Савевски на прес-конференцијата.

- Оглас -

Најнови вести