Саво Милошевиќ: Ако јавноста бара да си одам, ќе го направам тоа!

Селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, српската фудбалска легенда Саво Милошевиќ, рече дека нема проблем да го напушти кормилото на националниот тим на БиХ, доколку јавноста го бара тоа.

Босанците утре во Зеница ја пречекуваат Словачка, мечот нема резултатско значење, но навивачите очекуваат домашниот тим да покаже реакција после убедливите порази од Португалија (0-5) и Луксембург (1-4), и да се подобри атмосферата пред баражите во март.

Со Милошевиќ како селектор, БиХ има само една победа, и тоа против слабиот Лихтенштајн.

„Поразите не се пријатни, најмалку за мене, но никој не рече дека ќе биде лесно. Ја разбирам лутината на навивачите, но против Луксембург игравме без 5-6 играчи. Тој што мисли дека имаме подобри играчи од тие што играат, живее во заблуда. Имав три списоци со кандидати, тоа е тоа што го имаме, не зборувам напамет. Фокусирани сме на подготовка за баражот, уште мислам дека можеме да играме на ЕП. Ако јавноста бара да си одам, никаков проблем, уште утре наутро ќе со дадам оставка“ – рече Милошевиќ.

- Оглас -

Најнови вести