Саво Милошевиќ јадел шлаканици од Гробарите во еден локал, затоа си оди од Партизан!

Заминувањето на Саво Милошевиќ од Партизан по завршувањето на сезонава е извесно, а една од причините за разделбата не е спортска, туку наводен скандал кој се случил пред неполн месец во ресторанот на клубот кој се наоѓа на стадионот на Партизан, кога Саво добил неколку шлаканици од некои од водачите на навивачката група Гробари.

Инцидентот се случил поради тоа што тренерот на Црно-белите не се појавил на состанок со навивачите кој бил закажан за еден ден претходно. Саво дошол во ресторанот токму во момент кога на соседна маса седеле неколку фанови, тие веднаш му пришле и по кратка расправа, го удриле неколку пати.

Има и друга верзија, а тоа е дека Милошевиќ бил на состанокот со навивачите, но тие му се лутеле што наводно им рекол дека не смеат да се мешаат во клупската политика. Засега Милошевиќ нема дадено коментар во врска со ова.

Интерес за услугите на Саво Милошевиќ има од неговиот некогашен клуб Астон вила, во кој мина дел од играчката кариера.

- Оглас -

Најнови вести