Саво Милошевиќ се врати во Партизан: Табелата нема да ја гледам до февруари!

Вториот мандат на Саво Милошевиќ како тренер на белградскиот Партизан ќе започне на натпреварот против Текстилац на 5 октомври, а денеска некогашниот легендарен голгетер одржа прес-конференција на која беше претставен како нов шеф на Црно-белите.

„Во сите аспекти е можно да се подобриме, но одбраната мора да се реши што е можно поскоро. Во декември ќе имаме можност да го поправиме тоа. Не сум го правел тимот, ќе мора да се адаптирам. Сигурно е дека тимот може да игра подобро. Сега ќе мора и да правам подлабока анализа на противниците. Мојот печат мора да се види во првите два месеца“, рече Милошевиќ.

Саво смета дека психологијата е една од неговите силни страни и ќе работи со играчите во тој дел.

Во врска со борбата за титулата, Милошевиќ е реален и даде искрен одговор.

„Мислам дека нема ни да ја погледнам табелата до февруари. Купот е нашата единствена шанса да пробаме да освоиме трофеј. Сигурно ќе се обидеме да го освоиме, но не гарантирам дека ќе успееме, им рече Милошевиќ на присутните новинари.

- Оглас -

Најнови вести