Се фрли како Супермен за да победи на трката (Видео)

Младиот атлетичар Инфините Такер  имаше спектакуларен влез во целта на трката 400 метри со пречки на првенството на Аркансас. Такер победи на трката, и тоа благодарение на начинот на којшто реши да влезе во целта, со фрлање на земја.

Во завршницата на трката, Такер беше во жестока борба со тимскиот колега Роберт Грант. Како што се доближуваше крајот на трката, изгледаше дека Грант ќе биде во позиција да победи. За да не се случи тоа, на неколку метри од целта Такер се фрли кон целта и на крајот успеа да влезе за една десетинка пред Грант.

„Пред самата цел ги затворив очите, а потоа ги отворив. Ја видов мојата мајка и решив да скокнам за да ја прегрнам“, го објасни својот чуден потег победникот Такер.

- Оглас -

Најнови вести