Се греши и во НБА – Обрачот го фаулираше Вестбрук, судиите го најдоа за виновен Харел (Видео)

Расел Вестбрук се прецени во еден момент од дербито меѓу Лос Анџелес клиперс и Хјустон, се обиде да забие преку Монтрел Харел, но стигна само до предниот дел од обрачот и за чудо судиите досудија фаул од играчот на гостинската екипа од Ел-Еј.

Популарниот Рас доби подарок слободни фрлања, а за среќа на судиите, овој момент не влијаеше на конечниот исход на големото дерби во Западната конференција.

https://www.youtube.com/watch?v=FeFzRrqv5ro

Лос Анџелес клиперс славеа убедливо со 120:105 и останаа на второто место во Западната конференција, зад Лос Анџелес лејкерс и пред Денвер нагетс и Хјустон.

- Оглас -

Најнови вести