Се игра 15 минути, а Македонија веќе води со 3:0 против Гибралтар (Видео)

Македонската репрезентација е решена целиот гнев по поразот од Грузија со 0:3 да го истури врз Гибралтар. Нашите репрезентативци почнаа одлично и по само 15 минути има водство од 3:0.

Капитенот Енис Барди го отвори резултатот со прекрасен шут од слободен удар во 4 минута за водство од 1:0. Потоа Бојан Миовски погоди пречка, а тоа како да беше најава за шоуто на голгетерот кое подоцна следуваше.

Во 13 минута Миовски погоди со глава по нафрлувањето на Барди, а само две минути подоцна истиот играч зголеми и на 3:0 за Македонија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести