Се играше додека Колумбија не даде гол, но ВАР имаше поинаков план (Видео)

Колумбија се мачеше на дуелот со Еквадор, а во 100-тата минута (судијата покажа осум минути продолжение, а се играа десет), во последните секунди од мечот, Јери Мина даде гол и почна огромно славење на теренот и на трибините. Колумбијците помислија дека победиле, се радуваа на „победата“, но набрзо дојде студен туш.

Главниот судија доби повик од ВАР-собата и утврдено е дека голот треба да биде поништен поради играње со рака на стрелецот на голот.

Колумбија е прв тим во Јужна Америка кој на три квалификациски мечеви по ред игра со резултат 0-0. Еве како се одвиваше драмата и зошто голот на Мина беше поништен:

- Оглас -

Најнови вести