Се исплати мачењето – Вардар во финишот го совлада Пелистер

Вардар ја забележа втората победа во Првата македонска лига, совладувајќи го тимот на Пелистер со 65:63. Битолчани во текот на целата средба го имаа резултатот во своја корист, но, во последните неколку минути, „црвено-црните“ успеаја да ја стопат предноста на гостите и да забележат значајна победа.

На стартот од вториот период, Пелистер ја сотвари најголемата предност од +13, Вардар од тој момент се обидуваше да се врати резултатски. За момент им успеа, на средината од третиот период при резултат од 43:43, но гостите повторно ја презедоа иницијативата.

Во последните шест минути од средбата, Вардар направи серија од 10-0, а потоа се случија неколку пресврти. Во последната минута беше израмнето, па Вардар на 13 секунди до крајот поведе со двете слободни фрлања на Михајловски, а во следниот напад успеа да се одбрани и за ја запише втората овосезонска победа.

Провел оствари дабл-дабл учинок од 23 поени и 10 скока, се истакна како најефикасен во редовите на Вардар. Кај Пелистер, најрасположен беше Билер, кој исто така заврши со дабл-дабл учинок од 24 поени и 17 скока.

- Оглас -

Најнови вести