Сè ќе се заборави ако го елиминираат Сити – Милионерите си го заборавиле заменик-капитенот во Келн

Германските медиуми објавија интересна приказна за чудниот случај на Борусиjа Дортмунд на патувањето во Келн, што заврши со еден патник помалку во клупскиот автобус, а жртва испадна заменик-капитенот, Матс Хумелс.

По ремито 2:2 на „Рајн Енерџи“ во Келн на 20 март, гостите беа незадоволни со исходот и потоа им се случи уште еден голем кикс. На враќање кон Дортмунд никој не забележал дека во автобусот го нема Хумелс и гостите се вратиле без него.

Сè уште не е познато што му се случило на репрезентативецот на Германија и еден од играчите со најмногу настапи за Милионерите од актуелната гарнитура, па Хумелс морал да се снаоѓа и сам се вратил во Дортмунд.

Германските медиуми пишуваат дека овој случај е огледало на моментната состојба во клубот, кој може да остане без настап во Лигата на шампионите идната сезона бидејќи заостанува за 7 бода зад Ајнтрахт Франкфурт во Бундеслигата.

Спас може да биде елиминацијата на Манчестер сити во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а Борусија има солиден резултат од првиот меч во Англија и ќе го почне реваншот на свој терен со негатива од 1:2 на 14 април, на „Сигнал Идуна парк“.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести