Се најде тренер кој ќе му се спротистави на Џиџи Бекали

Едвард Јорданеску го прифати предизвикот да биде нов тренер на ФЦСБ (поранешна Стеауа), што е навистина ризичен потег ако се знае дека таму главен е газдата Џиџи Бекали. Контроверзниот политичар и бизнисмен Бекали, повеќе од 20 години го води клубот, а е познат по тоа што сака да биде главен во сите сфери на клубот.

Бекали често знае да се меша во работата на тренерите, а во изминативе две недели избрка дури четворица играчи, а сега реши да го доведе Јорданеску за тренер. Јорданеску минатата сезона го водеше Клуж со кого стигна до титулата во романското првенство.

Јорданеску прифати да биде тренер на ФЦСБ, но во договорот стави една клаузула, а тоа е дека газдата Бекали не смее да му се меша во работата и никако не смее да сугерира кои играчи треба да играат, а кои да бидат на клупата.

По првите пет кола во првенството на Романија, ФЦСБ е на петото место со само две победи, две нерешени и еден пораз, па заостанува дури седум бода зад перфектниот Клуж.

- Оглас -

Најнови вести