Се најде виновник за падот на светскиот првак среде Париз – Пол Погба (видео)

Финска приреди чудо во Париз покорувајќи го светскиот првак со 2-0, иако мечот беше од пријателски карактер. Со прилично комбиниран, но еднакво квалитетен состав, Франција загуби првпат по 13 натпревари, односно по четири месеци пауза.

Јавноста најде виновник за поразот само поради еден клучен момент. Пред Валакари да го постигне спектакуларниот гол за 2-0 во корист на Финска, Погба беше во негова непосредна близина, па наместо да се обиде да го блокира ударот, му дозволи на противникот да се намести и мајсторски да ја затресе мрежата на Манданда.

Токму поради тоа, Погба трпи критики, што само потврдува дека не е во најдобра форма, со оглед на тоа дека во изминатиов период не игра на потребното ниво ниту за Црвените ѓаволи.

https://twitter.com/noobfcb/status/1326626380176613376

- Оглас -

Најнови вести