Се нервира кога не е стрелец – Роналдо не дава гол, не дава ни дрес

Јувентус победи со 4:1 во Будимпешта против Ференцварош, но Кристијано Роналдо беше бесен по мечот и одби да ми го даде дресот, раскажува германскиот интернационалец Марсел Хејстер.

„Неверојатно. Иако победија со 4:1, Роналдо беше нервозен. Само ме погледна луто и си замина. Не постигна гол и јас не го добив неговиот дрес“, вели играчот на Ференцварош.

Денеска од 21 часот во Торино ќе имаат нов дуел, а можеби на Хејстер ќе му се посреќи Роналдо да постигне гол(ови) и да биде во подобро расположение по мечот од четвртото коло во Лигата на шампионите.

Јувентус со победа против популарниот Фради и со триумф, или реми на Барселона во Киев против Динамо ќе си обезбеди пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести