Се обиде со ножички, но за малку ќе го убиеше противникот (Видео)

Кенан Бајриќ остана во болницата во Вулверхемптон и, за среќа, е свесен иако има потрес на мозокот, а страотно изгледаше моментот од финишот на мечот меѓу Волците и Слован Братислава, кога интернационалецот од Словенија беше повреден.

Раул Хименес во 78-мата минута од вчерашниот дуел меѓу Вулверхемптон и Слован се обиде атрактивно со ножички да погоди, но наместо топката, ја погоди главата на Бајриќ. Несреќниот 24-годишен фудбалер на гостите падна како покосен, а панично реагираа и неговите соиграчи и фудбалерите на Вулверхемптон во обид да му помогнат.

Raúl Jiménez (Wolves) attempted bicycle kick knocks out Kenan Bajrić (Slovan Bratislava), who is subbed off on a stretcher from soccer

Веднаш пристигнаа медицинските лица, а третманот на теренот траеше десеттина минути. Бајриќ веднаш беше пренесен во болница, а според информациите, е свесен, но има потрес на мозокот.

Хименес беше стрелец на победничкиот гол во 92-рата минуа, а мечот беше продолжен за 12 минути. Мексиканецот по мечот му упати извинување на Бајриќ.

„Тоа беа многу тешки моменти. Не знам што да кажам. Се надевам дека брзо ќе закрепне и ќе се врати на терен“, рече Хименес.

- Оглас -

Најнови вести