Се очекува „дожд“ од голови на Хофенхајм – Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд и Хофенхајм немаат многу време за одмор по тешките гостувања во Лигата на шампиони. „Милионерите“ успешно поминаа на гости кај Бриж, а Хофенхајм испушти победа во Украина кај Шахтер. Сега во меѓусебна пресметка ќе се борат за бодови во Бундеслигата.

Двете екипи се докажани како омилени ако сакате да типувате на голови. Офанзивна е филозофијата за игра на терен и кај Борусија и кај Хофенхајм. Тоа го покажуваа и традицијата на меѓусебните дуели.

Дури 13 од последните 14 средби на овие противници завршиле со типот „гол-гол“, односно да се тресат мрежите на двата тима. Не само дека ќе има голови на двете страни, туку средбите најчесто завршувае со по три погодоци. На 11 од тие 14 натпревари е добитен типот ГГ 3+.

Ако се знае дека и сега не е ништо сменето, јасно е дека треба да има голови и попладнево на стадионот во Хофенхајм. Гостите ќе бидат без Топрак, додека домаќините немаат некои посериозни проблеми со повредени или суспендирани играчи.

Според коефициентите шансите за победа се речиси израмнети, па затоа како најсигурна опција е да се типува на проверената комбинација со голови.

 

- Оглас -

Најнови вести