Се очекува пресврт: Манчестер сити нема да биде исфрлен од еврокуповите!?

Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана ќе донесе радосна вест за Манчестер сити, а тоа е дека ќе бидат поништени сите одлуки на УЕФА за суспензија на англискиот тим. Според новинарот Иан Чесман, кој ги следи случувањата во Манчестер сити, ЦАС ќе ја повлече суспензијата на Европската фудбалска федерација за исклучување на Граѓаните од европските купови во следните две сезони.

„Се очекува Манчестер сити целосно да биде ослободен од обвиненијата. Така слушнав, но немам конкретна потврда. Се ќе биде познато најдоцна до понеделник“, вели новинарот Иан.

УЕФА во февруари го казни Манчестер сити со забрана за играње во европските купови во наредните две сезони и тоа поради кршењето на финансискиот фер-плеј. Покрај исфрлувањето, клубот е казнет и со 30 милиони евра. Од Сити веднаш најавија дека ќе вложат жалба на оваа драстична казна и сега се ќека одлуката на ЦАС, која официјално треба да биде објавена на 13 јули.

Манчестер сити сезонава е дел од осминафиналето во Лигата на шампионите каде има предност од 2:1 против Реал Мадрид по првиот меч одигран на „Сантијаго Бернабеу“ и сега на свој терен треба да го потврди влезот меѓу најдобрите осум клубови.

Денеска во седиштето на УЕФА беше извлечена и ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во ЛШ, а Манчестр сити и да го помине Реал, немаше многу среќа и во следната фаза сигурно ќе добие силен ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести