Се одигра големото балканско дерби во НБА, Дончиќ против Јокиќ (Видео)

Далас маверикс како гости славеа во дуелот со Денвер нагетс со 116:103, во дуелот на двете балкански НБА ѕвезди, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ. Со овој триумф Далас само потврди дека е во одлична форма и стигна до 11 победа во последните 14 меча.

Денвер одлично започна и поведе со 10:0, но во продолжение на дуелот, доминираа гостите. На полувреме Далас имаше предност од 62:51, а по три четвртини беше јасно кој ќе победи затоа што на семафорот стоеше 93:73 за Дончиќ и соиграчите.

На крајот, Лука заврши со 21 поен и 12 асистенции, додека Јокиќ на спротивната страна имаше 26 поени и 11 скока.

https://youtu.be/owegoriye-w

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска во НБА: Бруклин – Детроит 100:95, Шарлот – Торонто 114:104, Вашингтон – Милвоки 119:125, Атланта – Сакраменто 121:106, Минесота – Портланд 121:125, Феникс – Индијана 111:122.

 

- Оглас -

Најнови вести