Се одиграа половина од натпреварите, најкорисни се Бруно и Мбапе!

Португалецот Бруно Фернандеш и Французинот Килијан Мбапе се најкорисни фудбалери по првите две кола на Светското првенство во Катар, а епитетот го заслужуваат со четирикратен придонес во досегашните два настапи.

Играчот за врска на Манчестер јунајтед е единствен поединец со по два гола и асистенции, а Мбапе има три гола и една асистенција.

Мбапе заедно со Енер Валенсија од Еквадор се први стрелци на Мундијалот со по три гола, со тоа што на Мбапе сите три му се од игра, а Валенсија еднаш погоди од пенал.

Според минутажата која ја имаат, најдобар стрелец според голови во просек на одиграни минути е Шпанецот Алваро Мората, а најдобар асистент е Бразилецот Родриго.

Првите две кола на ова првенство го одбележуваат и многуте резултати 0-0 на полувремињата. Од 32 меча, дури на 17 на пауза беше без голови, а на 15 средби имаше барем по еден гол.

Што се однесува до одбраните, само Бразил, Полска и Мароко уште немаат примено гол.

- Оглас -

Најнови вести