Се одложуваат два прволигашки натпревари кои се чекаа со голем интерес

Терените во Струга и Кратово утрово се покриени во снег, па Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија, планира да ги одложи денешните прволигашки мечеви Струга Трим Лум – Воска спорт и Силекс – Вардар.

Овие дерби мечеви ќе бидат презакажани за 6-ти декември (среда), што значи дека овие четири тима викендов ќе паузираат, но потоа ќе играат три меча за една недела бидејќи и за оваа среда која доаѓа за три дена, има закажано коло.

Денеска ќе има прволигашки фудбал во Скопје и Кавадарци. Средбите почнуваат во 13 часот, а ги има и во понудата на Sport Life, и може да се обложите и да бидете добитник доколку сте добар прогнозер и познавач на мак-фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести