Се огласи човекот поради кој се случи целиот хаос во Париз: Прв пат во животот така збеснав

Дуелот меѓу Пари Сен Жермен и Башакшехир кој требаше формално да го промовира францускиот првак во победник во групата од Лигата на шампиони, стана историски. По само 14 минути игра, дуелот беше прекинат поради тоа што гостинскиот помошник тренер Пјер Вебо добил расистички навреди од романскиот судија кој беше задолжен за да ги најавува замените.

Повеќе луѓе од клупата на Башакшехир реагираа поради начинот на кој арбитарот му објасни на главниот судија кој треба да добие црвен картон. За прв пат по инцидентот се огласи и самиот Вебо.

„Можете да забележите по мојто глас дека сега сум многу посмирен  Кога ќе ја видам снимката и какво е моето лице, како се дерам и колку бев агресивен, леле. Прв пат се видов себе си во такво издание. Не памтам друг пат да сум бил во таква ситуација“, вели Вебо.

Вебо посочува дека судијата можел да го избегне навредливиот збор и дека можел на друг начин да му објасни на својот колега.

„Со оглед на тоа каде седев, лесно можеше да рече „третиот што седи треба да биде избркан.“ Така лесно ќе се завршеше работата. Сепак, за него изгледа дека полесно беше да го изговори тоа што го кажа. Зошто баш тој збор? Потоа се тргнав од теренот и не знаев што се случува. Подоцна ми соопштија дека мечот е прекинат. Многу бев нервозен“, објаснува Вебо.

Дуелот на „Паркот на принцовите“ се доигра следниот дел, а ПСЖ победи убедливо со 5:1.

 

- Оглас -

Најнови вести