Се огласи Давитков: На играчите им посакувам успех, а на раководството – Господ сè гледа и враќа!

Јорданчо Давитков, досегашниот предводник на македонската кошаркарска репрезентација , преку својот профил на „Фејсбук“ се огласи по неговото разрешување од селекторската позиција. Давитков без влакна на јазикот го критикуваше сегашното раководство на КФСМ. Обраќањето беше конкретно за претседателот Перо Антиќ, како што откри Давитков, дека тој го одбил неговиот повик да ѝ помогне на репрезентацијата, а по најавените реформи наводно покажува дека се грижи за неа.

„Кога го побарав Антиќ да помогне, неговиот одговор беше, „Јоцо, што се замараш со овие, оди си во Дубаи на плажа и одмарај“, открива Давитков, а во продолжение го пренесуваме целосниот став на сега веќе ексселекторот.

- Оглас -

Најнови вести