Се огласи и ФФМ: Фудбалерите имаат стомачен вирус, а не се затруени со храна

Досегашните испитувања и добиените резултати, а поврзано со стомачните тегоби на кои се жалеа неколкумина фудбалери од А репрезентацијата на Македонија, покажуваат дека се работи за стомачен вирус, официјално потврдија од Фудбалската федерација на Македонија. Нашата најдобра фудбалска селекција вечерва игра на Арената „Филип Втори“ против Лихтенштајн, во рамките од третото коло од Лигата на нации.

Испитувањата покажале дека објективната причина за состојбата на дел од фудбалерите во националниот тим не е труење со храна. Дополнително се преземени сите неопходни мерки од епидемиолошки аспект за целосно утврдување на причината за настанатата состојба.

Лекарскиот тим во репрезентацијата постојано ја следи состојбата на сите вклучени во националниот тим и ги презема неопходните активности. Поради проблеми со стомашниот вирус, синоќешниот тренинг не го одработија Стефан Спировски, Стефан Ристовски, Аријан Адеми, Мите Цикарски и Бобан Николов.

 

- Оглас -

Најнови вести