Се огласи Икарди: Заради Интер одбив понуди кои други играчи не би ги одбиле

По долг молк, конечно се огласи Мауро Икарди. Сагата со него и Интер продолжува откако ја загуби капитенската лента. Тој неколку пати одби да настапи тврдејќи дека има повреда, па се најде на удар на навивачите кои константо го критикуваат. Исто така, го критикуваат поради неговата сопруга Ванда Нара, таа е најголемата пречка што Икарди не потпиша нов договор со Интер бидејќи нејзините услови се нереални.

Аргентинецот се одлучи преку писмо кое го објави на социјалните мрежи да каже што му лежи на срце.

„Вистинската љубов излегува на виделина во најтешките моменти, токму како овие. Во тие моменти секогаш избирав да бидам покрај клубот. Секогаш се надевав дека со моите погодоци ќе можам да му помогнам на Интер да ги оствари целите. Никогаш не се двоумев, секогаш бирав да ги бранам овие бои поради љубов кон „нераѕурите“, одбив понуди кои други играчи без размислување би ги прифатиле. Многупати играв со болки, со плачење ги завршував натпреварите, а болките не престануваа дури неколку дена по секој меч. Но, знаејќи дека треба да ја бранам гордоста на овој клуб, болките ги заборавав. Цело мое семејство се научи да го сака Интер. Го остварив сонот, му помогнав на клубот да се врати во Лигата на шампионите, го направив тоа како капитен на екипата, нема поголема радост од тоа“, стои во дел од писмото преку кое се огласи Икарди.

- Оглас -

Најнови вести