Се огласи Нејмар по повредата: Повреден сум, но сигурно ќе добијам шанса да се вратам

Најголемата ѕвезда на Бразил кој е главен фаворит за титулата на СП во Катар, Нејмар, за прв пат се огласи во јавноста по веста дека поради повреда ќе ги пропушти преостанатите два меча од групната фаза.

Нејмар следните денови ќе мора да мирува за да ја залечи повредата на скочниот зглоб, која ја доби на вчерашниот дуел против Србија кој Кариоките го добија со 2:0.

„Гордоста и љубовта што ги чувствувам носејќи го овој дрес не можат да се објаснат. Да ми дадеше Господ да изберам каде да се родам, тоа ќе беше Бразил. Ништо не ми е дадено на тацна, секогаш сум се борел и сум трчал за остварување на сништата и целите во животот. Никогаш на никого не сум му посакал нешто лошо и сум им помагал на оние на сите кои им била потребна помош.

Денеска е еден од најтешките денови во мојата кариера и тоа повторно на Светското првенство. Повреден сум, ќе боли, но сигурен сум дека ќе добијам шанса да се вратам и ќе направам сè за да им помогнам на мојата земја, соиграчите и на себе си. Толку долго чекање за непријателот така лесно да се „отсече“? Никогаш! Јас сум син на семоќниот Бог и мојата вера е бесконечна“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести