Се ожени Никола Јокиќ!

Кошаркарот на Денвер нагетс, Србинот Никола Јокиќ, денеска го кажа судбоносното „Да“ и стапи во брак со девојката Наталија, со која долго време беа во љубовна врска. Свадбата се одржа во родниот град на Јокиќ, Сомбор, на северот на Србија.

Пристапот до храмот на Српската православна црква беше под надзор на обезбедувањето и само одбрани луѓе може да да им пријдат на младоженците за време на церемонијата. Сепак, во медиумите се појавија некои фотографии.

Никола и Наталија беа во врска од 2013 година, кога беа средношколци. Свадбата требаше да се венчаат во јуни, но датумот мораше да биде променет поради обврските на Јокиќ кон клубот, бидејќи наместо во мај, сезоната за Денвер заврши неодамна.

Ова е новата госпоѓа Јокиќ, жена на човекот кој има плата од 148 милиони долари за пет сезони.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести