Се пензионира Хидинк, тренерот кој од ПСВ направи европски шампион

Гус Хидинк одлучи да стави крај на долгогодишната тренерска кариера. Холандскиот стратег се повлекува од фудбалски активности на 74 години откако изминатиов период не беше во можност да ја врши работата како селектор на Курасао, поради што спаѓа во ризичната старосна група во време кога во светот владее пандемијата со корона-вирусот.

Хидинк речиси по три и пол децении работа како тренер на клупско и репрезентативно ниво, реши да стави крај на кариерата во која освои 13 трофеи, од кои дури 11 се со ПСВ Ајндховен. Шестпати беше шампион на Холандија, брои и четири трофеи во холандскиот куп, но дефинитивно најголем успех му е европската титула освоена во сезоната 1987/88.

Во кариерата Хидинк покрај ПСВ, ги предводеше и екипите на Фенербахче, Валенсија, Реал Мадрид, Бетис, Челзи и Анжи, додека беше селектор на Холандија, Јужна Кореја, Австралија, Русија, Турција, Кина У21 и последно Курасао.

- Оглас -

Најнови вести