Се подготвува спектакл – ЏСП се враќа од пензија за меч со Нурмагомедов

Хабиб Нурмагомедов и неговиот стручен штаб подготвуваат вистински спектакл во октагонот, а понуда има за големиот шампион Џорџ Сент Пјер да се врати од пензија и да бие битка со актуелниот шампион во УФЦ.

„Џорџ ми е пријател во последните десеттина години и знам дека сака да му излезе на мегдан на Хабиб. Тоа би бил вистински спектакл и борба која би решила кој е најдобар на сите времиња“, изјави Али Абделазиз, менаџерот на Нурмагомедов.

Тој објави дека не постојат шанси за реванш против Конор Мекрегор, а даде интересно појаснување.

„Конор е како напуштена девојка што сега не може да си најде момче. Небитен е. Хабиб веќе му покажа кој е подобар и немаме време за неговите очајнички обиди да има нивна борба. Слаб е за Нурмагомедов“, изјави Абделазиз.

Менаџерот на шампионот вели дека и до меч меѓу Тони Фергусон и неговиот пулен нема да дојде, па целта е да се судрат ЏСП и Хабиб.

Фергусон и Нурмагомедов досега четирипати договораа борба, но постојано доаѓаше до одложување. Тони е еден од најдобрите УФЦ борци во лесна категорија.

- Оглас -

Најнови вести