Сè поизвесно е враќањето на Манџукиќ во Бундеслигата

Марио Манџукиќ, искусниот напаѓач на Јувентус, многу веројатно ќе се врати во Бундеслигата. Но, иако првите најави беа дека Хрватот ќе се пресели на „Сигнал Идуна парк“ и ќе биде засилување на Борусија Дортмунднеговото враќање во германскиот шампионат ќе биде трасирано преку Баерн Минхен.

Наводно, Баварците се фаворити за потписот на Манџукиќ, кој не е во плановите на новиот тренер Маурицио Сари. За него се интересира и Монако, но факт е дека поврзаноста со Баерн игра голема улога, како и поголемите амбиции на германскиот првак во однос на Кнезовите.

Во периодот од 2012 до 2014 година, Манџукиќ настапи на 88 меча за Баварците, на кои постигна 48 погодоци. Во неговата претпоследна сезона на „Алијанц арената“ ја освои тројната круна – Шампионатот и Купот на Германија, како и Лигата на шампионите. Претходно две сезони играше за Волфсбург, а по напуштањето на Баварија го облече дресот на Атлетико Мадрид.

Инаку, Манџукиќ во април годинава потпиша нов договор со Старата дама, кој важи до 2021 година, но се чини дека Хрватот нема да добие шанса да го одработи до крај.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести