Се појави аудио снимка: Каде пилотот ја направил фаталната грешка? (Видео)

Предупредување дека хеликоптерот многу ниско лета е последното нешто што луѓето од контролната кула го упатиле до хеликоптерот, но немало повратен одговор, а веднаш потоа леталото се губи и од радарот. Хеликоптерот во кој биле Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка, како и уште седуммина други луѓе се урна во брдото во близина на Лос Анџелес.

Временските услови не биле погодни за летање, но сепак хеликоптерот полетал. Пилотот со првите проблеми се соочил некаде кај Зоолошката градина во Лос Анџелес, кога 15-тина минути кружел, а потоа решил да продолжи со летот. Контролната кула имала контакт со пилотот, а советот бил да биде зголемена брзината и да се избегнат ридестите делови кои доаѓале.

Сепак, поради густата магла, пилотот го направил кобниот потег. Хеликоптерот го насочил токму кон ридестиот дел, а летал на висина од околу 500 метри, што било премалку. Од контролната кула било посочено дека висината е прениска, но во еден момент се губи контактот, а хеликоптерот исчезнува од радарот.

Покрај Коби и ќерка му Џиџи, познат е идентитетот и на останатите седум жртви, меѓу кои има и уште две деца.

- Оглас -

Најнови вести