Абиодун Адегоке е кошаркар кој има сон како и илјадници други, да заигра во НБА-лигата. Нигерискиот кошаркар сепак е посебен од останатите. Тој е висок неверојатни 236 сантиметри. Со својата висина, Адегоке дури за 5 сантиметри е повисок од Ѓорѓи Мурешан и Мануте Бол, двајцата највисоки кошаркари кои некогаш заиграле во НБА-лигата.
За Адегоке не се знае колку точно години има. Некои велат дека е тинејџер, а други дека веќе има 21 година. На развојниот камп во Дубаи, Нигериецот беше вистинска атракција и останатите играчи се чудеа на неговата висина.
View this post on Instagram
Во една акција, Адегоке покажа колку е моќен и кога тргна кон кошот, успеа да ја забие топката во обрачот без воопшто да скокне.
View this post on Instagram