Се појави наследник на Хашек, дебитант во НХЛ правеше и паради на мразот (Видео)

Голманот на Вашингтон капиталс, Зак Фукале, ја имаше одбраната на сезоната во НХЛ лигата, но не го спаси својот тим од пораз на дуелот со Минесота вајлд. Дивите победија на пенали.

Канаѓанецот Фукале иако има 26 години, дебитант е во најсилната хокеарска лига на светот, и ова му беше сами трети настап во НХЛ, а воодушеви со своите одбрани. Најспектакуларна одбрана имаше во продолжението, кога пожртвувано се фрли на паркетот, и со парада во последен момент спречи чист гол.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести