Се појави снимка и конечно се знае зошто голманот на Камерун беше избркан од тимот (Видео)

Селекторот на Камерун Ригоберт Сонг едноставно бил принуден да го исфрли голманот Андре Онана од составот пред мечот со Србија на Светското првенство во Катар, а сега се појави и видео снимка на која се гледа како стратегот му ја објаснува целата ситуација на својот постар брат.

„На денот на мечот му реков на Онана дека веќе не сакам да работам со него. Почна да плаче, а јас му реков: „Сине немам време за тоа, морам да се подготвам за мечот.“. Еден ден пред мечот го известив и претседателот Самуел Ето за мојата одлука“, открива Сонг, што може да се слушне и на видеоснимката која е направена тајно.

„Го побарав Онана еден ден пред мечот, а тој не дојде да се видиме. На тренинзите работи сам, индивидуално. На мечевите многу ризикува. Го замолив да престане толку да ризикува, а тој му одговори дека не сака со мене да зборува за тоа. Му реков „Зборувам со Абубакар, со Чупо-Мотинг, со Замбо… Кој си ти за да не можам да зборувам со тебе?“, објаснува селекторот Сонг.

Веднаш по овие изјави на Сонг, стигна реакција и од Онана.

„Во свет во кој лагите се најчеста работа, делувате како револуционер кога ја зборувате вистината. На крајот, времето ќе ги стави работите на свое место“, беше пораката од голманот Онана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести