Снимка од местото на злосторството: Фудбалерот без размислување пукал во луѓето, при што е убиено едно момче (Видео)

Поранешниот фудбалер Сезер Озтурк и пријателот со кого бил во автомобилот, без многу размислување, пукале во луѓето кои биле насобрани пред една улица во предградие на Истанбул, при што е убиено едно 24-годишно момче, а ранети се четворица. Луѓето стоеле на патот и не дозволиле да помине автомобилот во кој бил Озтурк, па некогашниот играч на Баер Леверкузен, Фенербахче и Бешикташ започнал да пука со огнено оружје.

На видеоснимката се гледа расправијата меѓу насобраните луѓе со двајцата кои биле во автомобилот, а потоа се слушаат и истрели. По инцидентот, Озтурк избегал од местото на злосторот, но полицијата за кратко време успеала да го уапси и сега му следува долгогодишна затворска казна.

 

- Оглас -

Најнови вести