Се повреди капитенот на Интер, па Конте посегна по синот на Станковиќ

Капитенот и голман на Интер Самир Хандановиќ ќе ги пропушти следните неколку натпревари вклучувајќи го и вечерашниот дуел (20:45 часот) против Удинезе, поради повреда на дланката. Дефицитот на голманската позиција го натера тренерот Антонио Конте да посегне по младинскиот погон, па во првиот тим го повика синот на легендата на Интер Дејан Станковиќ, Филип.

Но, 23-годишниот српски чувар на мрежата нема да се најде меѓу диреците за мечот против Зебрите, туку ќе го пополни местото на резервен голамн, додека прилика за настап ќе добие искусниот Даниеле Падели.

Фактот што словенечкиот голман е повреден, значи шанса повеќе за Удинезе и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски да им наштетат на Нероаѕурите во трката за шампионската титула во Калчо лигата.

- Оглас -

Најнови вести