Се повтори историјата, Мексиканците пак ја разочараа Јапонија

Мексиканците го освоија вториот медал на фудбалски турнир на олимписки игри откако денеска го победија домаќинот Јапонија со 3:1 во меч за бронзата.

Олимписките шампиони од Летните игри во Лондон во 2012 година сега го освоија третото место, а беа убедливи против домашната селекција.

Резултатот е ист, 3:1 како на ЛОИ во Лондон, кога Мексиканците ја победија Јапонија, тогаш во полуфиналето.

Себастијан Кордова во 12-тата минута погоди од белата точка, а потоа му асистираше на Васкес во 22-рата минута за 2:0. Кордова беше најдобриот поединец на мечот за бронзен медал и со уште една асистенција за Вега во 58-мата минута го реши мечот за медал.

Јапонците по вторпат губат значаен меч на Летна олимпијада од Мексико, а постигнаа почесен гол во 78-мата минута. Стрелец беше Митома, за нов пласман на четвртото место, по Лондон во 2012 година.

Во финалето утре од 13.30 часот ќе играат Бразил и Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести