Се претера и со фудбалот, навивачи во Полска гледаа меч затворени во кафез (Фото)

Несекојдневна авантура доживеаја навивачите на полскиот четвртолигаш Хутник од Краков на гостувањето во Далечице кај домашниот тим Спартакус откако беа сместени во метален кафез и оттаму го следеа мечот и победата на нивниот омилен тим.

Хутник славеше со 1-0, а патувањето од стотина километри на стотина навивачи на гостинскиот тим ќе остане забележано во аналите на светскиот фудбал. Од кафезот, затворени повеќе од 90 минути ги бодреа своите миленици, кои им се оддолжија со победа.

Во Полска тифо-сцената сè уште е многу силна, а честопати има инциденти и пресметки меѓу навивачите, во стилот на Англичаните од 80-те и 90-те години на минатиот век.

 

- Оглас -

Најнови вести