Се прослави во Вардар, сега ќе биде селектор на Србија

Давид Дејвис Камера е шпанскиот ракометен стратег кој се споменува како нов селектор на репрезентацијата на Србија. Дејвис треба да го наследи Ненад Перуничиќ кој си даде оставка по неуспехот на Србија на Европското првенство кои се играше на почетокот на оваа година во Австрија.

Никогаш досега Србија за ракометен селектор немала странец, а во Дејвис гледаат стручњак кој ќе го врати националниот тим на старите патеки, како во 2012 година, кога стигнаа до сребрениот медал на ЕП на кое беа и домаќини.

Тренерската кариера на Дејвис започнува во македонскиот првак Вардар. Некогашниот шпански репрезентативец, во 2014 година заедно со Раул пристигна во Вардар и беше еден од најзаслужните во создавањето на шампионската генерација на Црвено-црните.

Дејвис во Вардар работеше до 2018 година, а интересно е што во сезоната 2016/17 парарелно работеше и како тренер на женскиот тим на Вардар, со кој играше во финалето на ЛШ, но за жал не стигна до тронот. Дејвис сепак има европска титула како тренер и тоа со машкиот состав на Вардар, кога во 2017 година македонскиот првак се искачи и на европскиот трон.

Дејвс работеше и како помошник тренер во руската репрезентација, а по заминувањето од Вардар, беше селектор на Русија, а од 2018 година е прв тренер на Веспрем во Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести