Се пуштија прскалките среде меч, публиката си доби „ладен туш“ (видео)

Швајцарскиот гигант Базел и бундеслигашот Фортуна Дизелдорф денес ги одмерија силите во пријателски натпревар кој се одигра во Марбелја, Шпанија. На тренинг центарот каде што се одвиваше мечот присуствуваа неколку фудбалски љубители, а имаше и доста поддржувачи на германскиот тим, кои интересениот дуел ќе го паметат по „ладниот туш“.

Во текот на натпреварот се пуштија прскалките, но наместо да прскаат на теренот тие беа свртени кон оградата каде што стоеа набљудувачите и си добија бесплатно „освежување“.

- Оглас -

Најнови вести