Се раситни илјадарката во Генерален пласман на Спортска прогноза, Вецка не го дава врвот

Четвртото пролетно коло на Спортската прогноза што ја организира Спорт Манија беше најдобро досега, а имаше одлични прогнозери што добија награди. Доделен е и првиот мобилен телефон „Самсунг Галакси А6“, мразот го проби Игор Данилов со 12 погодени двојки, но во Генерален пласман лидерот останува ист.

Вецка Ѓорѓиева повторно се покажа како одличен прогнозер, погоди деветка и остана на врвот со вкупно 34 поени. Но и битката за челните позиции се вжештува, а веќе има над илјада учесници кои котираат на листата за Генерален пласман и за награди кои се привлечни.

Првата награда е Електирчен тротинет и ќе ја добие најуспешниот прогнозер во генералниот поредок во играта што завршува на 8. мај.

Важно е да се погодат што повеќе парови од вкупно понудените 15, сметајќи ги главните 13 двојки за секое коло и плус стандардните два резервни парови.

Ќе има вреди награди, а покрај премијата во игра сте за велосипед „Capriolo Passion Men“ и за вредносни ваучери од 1.000, 500 и 300 денари што ги доделуваат обложувалниците на „Sport Life“.

До нив можете да дојдете на едноставен начин, со посета на нашиот портал „Спорт Манија“ и за кусо време да ги типувате 13+2 пара во секое ново коло на Спортската прогноза.

Од вчера во тек е петтото пролетно коло во играта што е комплетно бесплатна, а нуди вредни награди. Повелете, прогнозирајте и забавувајте се со Спортската прогноза, која станува се поатрактивна во првата сезона во копродукција на Спорт Манија и „Sport Life“.

Генералниот пласман по четвртото коло можете да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести