Се растура шампионската екипа на Сити: Уште еден фудбалер побара трансфер летово

Капитенот на Манчестер Сити, Рубен Дијаш, наводно им порачал на своите агенти да му најдат нов клуб. ​Како што пренесуваат одредени извори, Португалецот смета дека е дојден моментот за нови предизвици, откако клубот го напушти Пеп Гвардиола. ​

Дијаш пристигна на „Етихад“ токму како голема желба на Гвардиола, под чија команда израсна во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата и во Европа. Португалецот потпиша за Сити во летото 2020 година за дури 71,6 милиони евра, испиша историја со клубот, а минатото лето доби и нов договор со важност до јуни 2029 година.

​Сепак, сè се промени со заминувањето на Пеп Гвардиола, но и на неговиот најдобар пријател Бернардо Силва, од кого ја наследи капитенската лента. ​Наводно, неговите агенти ќе ги почнат преговорите со клубови како Реал Мадрид и Баерн Минхен, кои се споменуваат како потенцијални дестинации, а се додава дека во оваа трка сигурно ќе се вклучи и Пари Сен Жермен. ​

Познато е дека Реал Мадрид сака да ја засили стоперската позиција, но и дека Баерн и ПСЖ нема да пропуштат ваква ретка можност. ​Рубен Дијаш има 29 години, пред него се уште неколку врвни сезони, а играч од неговиот калибар на пазарот едноставно не се пропушта.

- Оглас -

Најнови вести