Се самоуби поранешниот напаѓач на Ривер плејт

Некогашниот фудбалер на Ривер плејт, Сантијаго Моро Гарсија почина на само 30-годишна возраст, пишуваат медиумити во Уругвај. Моро беше еден од омилените играчи на фановите на Ривер плејт, а според тамошните медиуми, извршил самоубиство.

Освен во дресот на Ривер, Моро играше и за Насионал, бразилски Атлетико и Касимпаша во Турција. Последен негов клуб беше Годој Круз, од каде си замина пред неколку месеци.

Гарсија има одиграно и девет меча во У 20 селекцијата на Уругвај, постигнувајќи пет гола. Последната дијагноза била дека страда од депресија, што најверојатно е и причина за самоубиството.

 

- Оглас -

Најнови вести