Се сеќавате на приказната за глупавиот и поглупавиот? Двајцата тренираа заедно, едниот ќе биде казнет

Мејсон Маунт ја прекрши наредбата да биде во самоизолација како и останатите играчи на Челзи по позитивниот тест на Коронавирус што го имаше Калум Хадсон-Одои, па сега го чека клупска казна.

Маунт тренираше со големиот другар од детството Деклан Рајс, кој е играч на Вест хем. Рајс не е во самоизолација, па нема да биде казнет од управата на популарните Чекани.

И двајцата се репрезентативци на Англија, а нивната приказна за големото пријателство и ривалитет е инспиративна.

„Сè уште сме нераздвојни и тоа трае од детството. Не викаат глупавиот и поглупавиот бидејќи секогаш сакаме да се шегуваме“, раскажа Маунт во својот дел од приказната за пријателството со Рајс.

Сега токму поради тренингот со Деклан, го чека казна, а приказната за двајцата големи таленти на англискиот фудбал прочитајте ја ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести