Се шири коронавирусот во Интер, и голманот Хандановиќ е позитивен

Интер објави дека нивниот прв голман и капитен, Самир Хандановиќ, е позитивен на Ковид-19, па веднаш замина во домашна самоизолација и нема да игра на дуелот со Сасуоло викендов. Хандановиќ е вториот член на првиот тим на Интер кој е заразен, откако завчера се потврди дека Данило Д‘Амброзио истотака е позитивен, и предизвика затворање на тренинг центарот и одложување на прес-конференција.

Отсуството на Хандановиќ може да биде проблем за Нераѕурите кои засега цврсто го држат првото место и атакуваат на титула во Италија. Иако во Интер има неколку голмани, ниту еден од нив нема брането сезонава на првенствен меч. Фаворит да застане на голот ќе биде Романецот Јонут Раду, а другите алтернативи на тренерот Антонио Конте се Даниеле Падели и 19-годишниот Филип Станковиќ, синот на актуелниот тренер на Црвена ѕвезда и некогашна ѕвезда на Интер, Дејан Станковиќ.

- Оглас -

Најнови вести