Се скараа Каран и Стојковски, првиот стрелец на Шкупи го напушти клубот

Првиот стрелец на Шкупи, Кристијан Стојковски се раздели од клубот по две сезони минати на Чаир. Причина е кавгата со тренерот Умит Каран, кој го отстранил 27-годишниот играч од тимот.

Стојковски лани постигна 8 голови за прволигашот од Скопје, а во првиот дел од актуелниот шампионат даде три гола и со Виктор Ангелов и Бразилецот Сержињо се најдобри стрелци на Шкупи.

Кристијан има играно и за Македонија Ѓорче Петров и Тетекс, а не се знае каде ќе ја продолжи кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести