Се славеше, ама ќе има и казни – Го најдоа пироманот што ја запали Кралската палата во Ливерпул

Кралската палата во Ливерпул вчера гореше при славјето на навивачите на новиот шампион на Англија, а штетата е проценета на 10 илјади фунти.

Виновникот е пронајден, а пожарот го предизвика 19-годишно момче од Скарисбрик и сега ќе мора да одговара за непромислениот чин и секако и да ја плати штетата.

Популарната „Rojal Liver Buliding“ е една од трите грации на градот Ливерпул и за среќа вчера не настрада комплетно.

По масовната прослава на титулата на Ливерпул, прва во Англија по пауза од 30 години реагираше и Градоначалникот Џо Андерсон.

„Ова е неприфатливо и беше смислено организирано и покрај опасноста од пандемијата со Ковид-19 и препораките да нема масовни собири. За среќа нема повредени по пожарот во Кралската палата, а до него дојде поради нестручно ракување со пиротехниката“, изјави Андерсон.

- Оглас -

Најнови вести