Се слави титула во предградието на Копенхаген, сите се во жолто и сино (Фото)

Брондби го совлада Нордсјеланд со 2-0, и ја освои титулата првак на Данска, прв трофеј за популарниот клуб после 2005 година. За Брондби ова е 11-та титула во данското првенство, а долгото чекање придонесе прославата да биде масовна, со илјадници навивачи во жолто и сино кои се собраа околу стадионот.

Брондби е трети најтрофеен клуб во Данска, а КБ Копенхаген кој е рекордер со 15 титули, во моментов е во петта лига. ФК Копенхаген има 13, а Брондби за титула се бореше во Митјиланд кој на конечната табела заостана само еден бод.

Од фотографиите се гледа дека славеа и мажи и жени, и возрасни и деца. По завршувањето на мечот на кој Брондби ја освои титулата, и фудбалерите ги поздравија фановите.

- Оглас -

Најнови вести