Се сликаше со мртвиот Марадона, па доби отказ од работа! (Вознемирувачко фото)

Да се има фотографија покрај мртвиот Диего Марадона е ексклузивна работа, не секој има можност за такво нешто, но кога тоа е злоупотреба на работното место, тогаш следува отказ. Ова му се случи на еден човек од компанија за погребални услуги. Тој го отвори ковчегот, се сликаше со мртвото тело на Марадона, и тоа со кренат палец нагоре, и уште се пофали на социјалните мрежи.

Ваквиот однос на Диего Молина не му беше простен и доби отказ. Фотографијата предизвика бес кај семејството на Марадона и кај фановите кои му се закануваат со смрт, а адвокатот на Марадона поднесе тужба, па ќе се оди и на суд.

- Оглас -

Најнови вести